ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 66

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

  1. Од еден македонски електронски портал деновиве протече информација за текот на разговорите на македонско-грчката комисија за историја (според капитулантскиот договор од Нивице) коjaшто запрепастува по својата содржина и можните долгорочни негативни последици, за нас – се разбира. Работата на споменатата мешовита комисија од самиот почеток е обвиена во тајност на што може да и позавиди и сицилијанската мафија “Коза ностра”. Можеби токму затоа – само што се појави информацијата, веднаш исчезна, т.е. беше повлечена за да невиди народот што всушност матат двете комисии но, за жал, редовно на наша штета! Што содржеше фамозната информација? Наводно, од грчка страна било инсистирано ние, Македонците, да престанеме да се повикуваме дека имаме било каква врска со античките Македонци туку, по желба на Грците (забелешка моја), во иднина да се декларираме дека по потекло сме биле од Илирите!? (Кутриот Крсте Мисирков веројатно ќе се превртува во гробот! Пред повеке од еден век тој напиша:”Ta не зина земјата и ги проголта античките Македонци”! Како “аргумент” за грчката теза, oд нивна страна било изнесено тврдењето дека, демек: античка Македонија на север се простирала само до денешна Гевгелија (!?) и ние, денешните Македонци, немаме ништо заедничко со античките Македонци!? Не верувам дека грките академици не ги знаат фактите до каде се простирала античка Македонија, но веројатно играат на картата на неинформираност и игнорантност на нивните колеги од македонскиот дел на комисијата!? Имено, речиси без исклучок, светската наука е категорична дека античка Македонија се простирала најмалку до денешна Демир Капија, па дури и понасевер). Престолнината на македонскиот крал Аминта III бил античкиот град Била Зора, чии остатоци се во непосредна близина на Свети Николе! А што да речеме за Хераклеа – кој ја основал и каде се наоѓа??? Следствено, некој во таа фамозна комисија треба добро да ја проучи географијата на античка Македонија, зарем не!? Непознаница е како македонскиот дел во Комисијата реагирал на овие предлози (или подобро речено д и к т а т) од грчка страна, но судејки по она што од порано го дознаваме само од грчките извори, се плашам дека има и тоа како простор за наша загриженост!!! Колку за потсетување: грчките медиуми објавија пред неколку месеци дека, наводно, македонската страна се с о г л а с и л а(!?) со нивниот став дека “денешните Македонци немаат ништо заедничко со античките Македонци”!? Да се крсти човек и да не верува!!! Но, за 2.000 евра месечен хонорар за претседателот на Комисијата (амбасадорот во пензија Виктор Габер) и по 1.000 евра месечно за секој член на Комисијата, се чини – се е можно! Не сакам ни да помислам дека македонскиот дел на оваа комисија, но и на онаа за преговорите со бугарските историчари, ќе ги прифата нивните ултимативни и уценувачки ставови, а предлагам идната влада или коалиција да анулира се што е прифатено од македонска страна! На опозицијата во Македонија и сугерирам во своите предизборни партиски програми, во политичкиот дел, да предвиди како најголем приоритет по победата на следните избори итно расформирање на двете комисии и именување на здрави историчари кои ќе ги бранат македонските интереси! И не само тоа: отстапките што ги направија и допрва ги прават македонските историчари и членови во двете комисии за историски прашања имаат длабока п о л и т и ч к а димензија со непроценливи долгорочни штети и последици, за што треба да одговараат и да им се суди за в е л е п р е д а в с т в о!!!
  2. Радосна вест ни дојде од онаа страна на Атлантикот според која, наводно, во САД била издадена меѓународна потерница за берзанскиот шпекулант, основач и финансиер на Институтот отворено општество Џорџ Сорос! Следејки го американскиот пример и рускиот претседатело Владимир Путин, наводно, наредил апсење на Сорос!? За Американците “Cорос е закана за слободниот свет” (така барем пишува хрватскиот портал (Panopticum.hr), а за Путин “Сорос е закана за меѓународниот поредок”!? Морам да признам дека американскиот став помалку ме збунува бидејки длабоко сум уверен дека Џорџ Сорос е играч на ЦИА и ексопент на “длабоката држава”! Од друга страна пак актуелниот државен секретар на САД во владата на Трамп, Мајк Помпео и самиот беше шеф на ЦИА а сега е трет по моќ во владеачкиот републикански естаблишмент во Вашингтон!? Кој ќе ги разбере какви се замешателства прават по светов, но фактот што Унгарија го затвори соросовиот Централноевропски универзитет во Будимпешта, а Израел во 2017 ги забрани сите соросовски организации се јасна потврда дека на овој белсветски манипулант му се стега обрачот околу вратот и да очекуваме во блиска иднина да исчезне од светската политичка сцена.
  3. Се навршија 12 години од злосторот кај Смилковското езеро, но до денес сеуште многу прашања останаа без одговор. Убијците Халиловиќ и Демири си живеат спокојно на Косово (некои тврдат во Пеќ), косоварите тврдат дека тие не знаеле каде се наоѓаат, а нивните соучесници овде, во Македонија си се бранат пред македонските судови – од слобода! Мислам дека никогаш нема да ја дознаеме правата вистина за мотивот за овој невиден злостор во кој во стил на егзекуција, беа убиени пет млади луѓе Македонци! А го мислам тоа бидејки сум длабоко уверен дека нарачател на злосторот е една голема сила и една голема организација (чија членка од неодамна сме и ние), за да не оптужат за “етничка нетрпеливост” и нестабилност во земјата пред самитот на НАТО во Чикаго (20 и 21мај 2012) и да го спречат приемот на Македонија во Алијансата како најспремна земја за членство!!! Ова мое мислење многу пати сум го искажал и напишал, и од тоа не отстапувам!
  4. Поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија реисот Сулејман Реџепи повторно ја брануваше македонската јавност со своено неартикулисано однесување. Имено, кога многу издашниот извор на кеш за ИВЗ, одењето на аџилак во Мека, овој пат пресуши за реисот Реџепи заради пандемијата со корона вирусот, тој се закани на власта дека ако не му дадат пари од буџетот ќе ги повикал верниците да одат на молитва во џамиите, што е строго забрането заради воведениот карантин! Ваквото неконтролирано однесување на поглаварот Реџепи не е за прв пат! Пред некоја година длабоко ги навреди своите сограѓани Македонци, нарекувајќи ги народ без идентитет и култура, арно ама бројни муслимани во земјата го оптужуваат дека самиот е невиден криминалец кој присвојува пари од ИВЗ и наплаќа услуги од верниците коишто би требело да се бесплатни. А Владата? Наместо остро да го осуди и санкционира ваквото однесување, побрза да одвои средства наводно за Исламскиот факултет во с. Кондово за да се задоволи Реисот Реџепи. Се прашувам само – до кога вака со уцени и закани. до кога???
  5. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се завешта пред грчки новинар од весниукот Етнос дека немало да се повлчече (од власта, претпоставувам, М.Тр) додека не ги сруши сите споменици од проектот Скопје 2014!? Не знам дали овој скороевич (Шилегов, М.Тр) е свесен што зборува (многу ретко е трезен), и тоа пред странски новинари, и дали воопшто помислува на последиците за своето однесување!? Дали воопшто некогаш се запрашал, на пример, дека еден ден ќе треба да даде отчет за продажбата на барокната зграда за градското собрание на Скопје за чија изградба беа потрошени над 21 милион евра народни пари (без платени комуналии и на државно земјиште), а ја продаде за 12,5 милиони евра. Како тоа мислиш да рушиш и распродаваш Петре? И мислиш дека сите ние сме глупи и слепи и не сваќаме и не гледаме што правиш и како тоа го правиш? И мислиш дека ти и твоите вечно ќе владеете па како современи вандали ќе сечите огради од ковано железо пред владата, ќе корнете јапонски цреши низ скопските улици и ќе рушите споменици и фасади??? Што треба да очекуваме ние граѓаните од вас? Ќе го враќате Скопје повторно да заличи на турска касаба? Отрезни се веќе еднаш човеку и ако воопшто има нешто нормално во тебе, гледај да градиш и создаваш, а не да рушиш и уништуваш. Или, како што би рекле старите латини: “Рим не беше изграден преку ноќ”! Со други зборови, генерации и генерации неимари придонесувале со свои идеи и проекти, а не само со рушење, како тебе Петре. Еден ден ќе треба да се соочиш и со последиците од таквото твое однесување!!! Да ја помагаме македонската економија, КУПУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ

1 thought on “ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 66

  1. На прозорот на 5-ти спрат ми доаѓаа два гулаба, таванари, без “педигре“…се зближивме, им ставив знаци да ги разликувам и на двата краја и ставав иста храна. Секој си доаѓаше на “неговото место“. По неколку недели, храна ставав само на едната страна, другиот голуб доаѓаше уште 4 – 5 дена и потоа одлета некаде.
    Гласачите на сдссс. ОНИЕ КОИ ПАК ЌЕ ГЛАСААТ за нив имаат памет и лична етика помалку од гулабот. Тој по 5 дена, за трошки, пченица, пченка, ориз, просо по педесетина “скратени“ зрна – гордо и достоинствени ми порача (по скопски) “брат, кој те ебе“.
    Што да Ви спомнам – името вековно, историјата славна и пребогата, јазикот содржаен и преубав, идентитетот македонски…арамилакот екстремен и понижувачки, циле и кирацо, боки 13, црепот црпнат, шеќеринка, луѓе бе, толку ли се мразите себе и своите деца/блиски/пријатели…
    Мрско ми е натаму

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *