Воспев* на една ненародна ВЛАСТ!

Не е hate-speech кога на саркастичен начин се обидуваш да кажеш дека НЕСПОСОБНАВА ВЛАСТ НЕ УСПЕА САМА СЕБЕ ДА СЕ ЗАШТИТИ од вирусот, а камо ли граѓаните,

Не е hate-speech да ги посочиш кривците од власта кои на недоличен и крајно брутален начин шверцуваат законски решенија кои не се во контекст на пандемијава,

Не е hate-speech кога отворено и крајно искрено нудиш решенија за излез од кризава , а суетнава власт се прави “на удрено”,

Не е hate-speech ако суптилно, но иронично, онака по женски, си земеш за право да критикуваш, само заради тоа што кога сакаш да си конструктивен со проверени предлози, власта прави смешни обиди само да не прифати одговорност и со самото тоа влегува во критични ситуации, а на чија штета???

  • Па се разбира на СИТЕ НАС ГРАЃАНИТЕ!

И место да ловите кривци заради ВАШАТА НЕСПОСОБНОСТ, намалете го потенциометарот на ВАШЕТО ЕГО и конечно сработете за тоа што ве плаќа народот – ДА СЕ ГРИЖИТЕ!!!

… Но, од кого ли, јас, тоа го барам тоа????

Од ВАС ли?!
Вие кои :

– во 1993 година го прифативте акронимот “поранешна Југословенска Република Македонија“,
– заради коалицијата со ПДП и претседателскиот мандат на Киро Глигоров, во 1994 година издаде 150.000 лични карти и државјанства на Албанци од Косово, со што трајно ја промени етничката и верската карта на Македонија,
– во 1995 година го сменавте семакедонското шеснаест-зрачно златно-жолто сонце од знамето на државата Македонија,
– во 1995 година со македонско-грчката Времена согласност еднострано се откажавте од Македонците во Република Грција,
– во 2002 година го признавте фалсификуваниот попис на населението на штета на Македонците иако Албанците не беа повеќе од 15% од вкупното население,
– заради коалицијата со ДУИ, во 2004 година го укинавте правото на безусловно македонско државјанство за Македонците по потекло надвор од границите на Републиката,
– Вашата Влада, Владата на СДСМ во 2004 година ја промени територијалната организација на локалната самоуправа на штета на Македонците во Републиката албанизирајќи ги градот Скопје и општините Чашка, Струга, Лабуништа, Кичево, Другово, Вранештица и Крушево,
– СДСМ во 2015 година побара укинување на пратениците и на избирачкото право на Македонците надвор од Републиката!

….
И ќе продолжам со ист наратив и тоа :

  • СДСМ – изгубија на избори во 2016, а се претставуваа како победници.
  • По невиденото неуставно бирање на Претседател на Собрание.
  • По неуставниот и неуспешен референдум.
  • По сменетото име на нашата татковина Република Македонија.
  • Неуставниот и на диво донесен закон за двојазичност.
  • По плантажите со марихуана за фамилијата на власт.
  • По сомнителните тендери на министрите од власта.
  • По фамилијарните вработувања до ниво на домашни миленичиња.
  • По скандалозните рекет зделки.
  • Трговија со правдата и со нечии човечки судбини
  • Изживувањето врз цели фамилии само за профит на ордата на власт.
  • по ослободување на терористи и криминалци, а затворање на невин родољубив народ.

И да завршам –
ЌЕ ВЕ ПАМЕТИМЕ САМО ПО ЦРНИЛАТА !!!

Виолета Ковачевиќ

2 thoughts on “Воспев* на една ненародна ВЛАСТ!

  1. Одлична колумна, од сите аспекти – студиозна, аналитична, фактографија проткаена со висок стил, а разбирлива, дури и за мене
    Без навреда – не знам како функционираат портали, ама понудите ја на објавување на оние кои имаат по 150.000 “повикувања“ .дневно, сигурен сум дека ќе ја објават, за ОПШТО ДОБРО и за подигање на менталното здравје на народов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *