Се очекува следната недела да започне зонското паркирање во Битола

Следната недела се очекува да почне со практична работа новото претпријатие кое стопанисува со паркинзите во Битола.

Деновиве се поставуваат терминалите и рампите на паркинзите во градот, а со кои стопанисува новоформираното јавно претпријатие.

Опремата која се поставува, како и софтверот се изнајмени согласно  објавениот тендер на Електронскиот систем на јавни набавки каде се бараше опрема за изнајмување. Опремата е изнајмена од скопска фирма, која се јави на јавниот оглас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *