БИТОЛСКИ „ВОДОВОД“ ГИ ИСКЛУЧУВА ДИВИТЕ ПРИКЛУЧОЦИ, КОИ НЕ САМО ШТО НЕ ПЛАЌААТ ЗА ВОДА, ТУКУ И ГИ ПОЛЕВААТ НИВИТЕ СО ПИТКА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Битола во летниот период изврши повеќе контроли за утврдување на евентуална злоупотреба од енормна и неправилна потрошувачка на вода за пиење од страна на несовесни потрошувачи.

 Со извршените акциите од страна на ЈКП „Водовод“ Битола започна со исклучување на пронајдените диви приклучоци на водоводната мрежа каде што е пронајдена злоупотреба и нелегално користење на вода за пиење во десетици случаеви.

„Досега се направени 150 контроли, каде се установени 60-тина неправилности од кои во 20 случаеви веднаш е  реагирано и е решено со опомена, направени се 12 записници од општинскиот инспекторат,  15 пријави од полиција и покренати се околу 8 судски постапки. Со години на диво се приклучени  на водоводната мрежа и водата ја користат  за наводнување ниви, пластеници, земјоделски површини, фудбалски игралишта, дворови. Се троши питката вода, а при тоа се намалува нормалното водоснабдување на останатите потрошувачи  кои редовно ги плаќаат сметките“, вели директорот на ЈКП „Водовод “Битола Горан Козаров. Исто така директорот Козаров упати благодарност за соработката на граѓаните кои ги пријавуваат злоупотребите од нелегалното користење на вода за пиење.

На терен покрај екипите на ЈКП „Водовод“ Битола во одредени случаеви беше и користена асистенција од полицијата и од општинската  инспекција.  Од претпријатието велат дека и контролите и  акцијата за исклучлување на диви приклучоци ќе продолжи и во наредниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *