Се урна уште еден мост во Италија

Мостот „Албијано Магра“, кој ги поврзува Маса Карара и Санто Стефано Магра, во провинцијата Ла Специја се урна утрово околу 10.30 часот. Татнеж ги предупреди многу жители на областа.

Инфраструктурата се распадна во неколку делови. Возилата кои во моментот транзитирале на мостот беа две комбиња. Еден од возачите останал неповреден и се спасил сам, додека друг возач е повреден и хоспитализиран во Пиза со торакална траума и не е во животна опасност.

Инфраструктурата пропадна утрово откако изминатите месеци беше во центарот на контроверзии, откако се случија пукнатини во ноември минатата година, по бранот на лошо време. Пукнатините ги забележале многу возачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *