Платите се кратат, трките откажани во Формула 1

Уште една од трките во Формула 1 е откажана поради пандемијата на коронавирусот во светски рамки. Откажана е трката за Големата награда на Канада, во Монтреал.

„Најважно во овие моменти е да го надминеме Ковид-19. Ве очекуваме на патеката „Жил Вилнев“ штом ќе биде безбедно за одржување на трка“ – рече Франсоа Думонтие, претседателот на канадското ГП.

Додека пак челниците на Формула 1, како што пренесуваат британските медиуми, меѓу кои и генералниот директор Чејс Кери и техничкиот директор и директор на мотоспорт, Рос Браун, ќе земаат за 20 отсто помали плати во наредните два месеца. Со привремениот режим ќе бидат опфатени и околу 250 вработени во Формула 1.

Екипите на Вилијамс, на Рејсинг Поинт и на Мекларен дел од своите вработени ги пратија на принуден одмор, додека пилотите добија намалени плати.

За сите екипи, пак, важи можноста за затворање на своите фабрики на три недели, со оглед дека рокот за почеток на сезоната е одложен најмалку до средината на јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *