Скопјанец почина од Ковид-19 на пат кон Болница

Четириесет и петгодишен скопјанец почина доцна попладнево од коронавирус, соопшти Владата.

-Според дополнителната информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) почина 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден за позитивен на коронавирус преку Ветеринарен факултет. Тој починал на пат кон Градската општа болница ‘8 Септември – објавија од Владата.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата во 17 часот денес кажа дека во последните 24 часа починати се петмина пациенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *