Нови починати ситуацијата критична во Куманово

Уште двајца кумановци ја изгубиле битката со корона вирусот, соопшти вечерва градоначаникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето на Топ Тема на Телма.

Пред самото вклучување во емисија добив информација од Центарот за јавно здравје дека имаме уште двајца починати наши сограѓани во Куманово, рече Димитриевски и изрази сочусвтво.

Ние треба да обезбедиме непречено да работат производствените капацитети во рамки на потребите, да ја сведеме продажбата на храна и најнеопходни производи како што тоа го направивме викендов. Секој човечки живот е побитен од економијата, економијата се оживува, но човечкиот жвот не се оживува. Апелираме на поголем број на тестови. Ние повикавме претставници од министерството за здравство и од комисијата да ја посетат болницата и да ги проценат капацитетите, втор ден немаме одговор. Искрено да ви кажам се чувствувам дека сме оставени на сопствените ресурси на локално ниво. Неминовна е поголема поддршка, треба да се користат искуствата од терен, да се превенираат работите. Со денови бараме поголем број на тестирања, поголема ажурност на анкетарите. Куманово со два епидемиолога не може да се справи со една ваква пандемија, порача Максим Димитриевски.

Извор : Фокус

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *