Драгоро “бесен” во Битола , Луда Мара “полуди” во Кавадарци (ВИДЕО)

По изненадувачкиот снег во Април и дождот кој следуваше како одговор дека е конечно дојдена Пролетта , денес реката Драгор во Битола со текот на кревање на нивото го достигнува максимумот. Битолчани добро знаат дека во овој месец, месецот на шегата и следниот Мај, реката ги достигнува максималните месечни водостои но овој пат обилните врнежи на снег и дожд и брзото топење придонесоа енормно да се зголеми водата во Драгорот. Најголема заштита на Битола од излевање на речните води му се речниот кеј или камените каскати на Дрaгoрот кој на некои места достигнуваат и до 4 метра висина. Последен пат реката Драгор ја поплавила Битола во 1962 година додека пак неколку години подоцна во раните 70-те години од сушната година за прв пат коритото на реката Драгор било празно.

За разлика од Битолчани , Кавадарчани мака мачат со својата Луда Мара која денес според фотографиите кои ни ги испратија кавадарчани е пред излевање од речното корито. Кавадаречката река “Луда Мара” (Ваташка или Курјачка Река) е река која извира од висорамнината Витачево и тече низ градот Кавадарци. Затоа кавадарчани му го дале името на реката “луда” која при обилни врнежи брзо надоѓа и за краток временски период, може да поплави голема површина. Жителите се присеќаваат на друга несреќа од водите на Лудата Мара која река тече и низ Моклишкото Езеро кое е настанато со одрон на рид во 1956 година, којшто го преградила коритото на реката и го образувал езерото. Одронот закопал и усмртил 12 луѓе и 1200 овци на локалните бачила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *