Министерот за надворешни на Унгарија, Петер Сијарто во посета на Македонија (Видео)

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, упати честитки за започнувањето на преговорите со ЕУ и за членството во НАТО.

На заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, Сијарто рече дека Унгарија ќе се обиде да издејствува најдоцна до мај да се затвори рамката за преговорите и најдоцна во јуни да почнат самите преговори.

Главен фокус на средбата беше ставен на конкретната поддршка која Унгарија ја упатува на Северна Македонија во контекст на борбата со справување со пандемијата COVID-19, како и севкупниот европски одговор при справување со овој тежок глобален предизвик и ублажување на последиците.

Истовремено беа разгледани и европските перспективи на Северна Македонија особено по позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на пристапни преговори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *