Домашен тест кој рано укажува на потенцијална инфекција со кopoнавиpyc

Научниците од Универзитетот во Њукасл развија тест што може да открие дека некој се заразил со коpaвируc уште пред да се манифестираат симптоми на болеста.

Тестот може да даде резултат за неколку секунди со откривање на ран маркер во човековото тело, кој се ослободува откако имунолошкиот систем ќе дојде во контакт со вирусот.

Иако еден од овие маркери, наречен неоптерин, не го идентификува конкретно коpoнaвиpycoт, сепак тестот може да покаже дека имуниот систем е активиран.

-Тестот може да се смета за рано предупредување, пренесува „Сандеј телеграф“.

Тестот на британските научници доаѓа откако откако 708 луѓе позитивни почiнaa во саботата во Велика Британија, со што вкупниот број на cmртни случаи од се искачи на 4.313 лица.

Колин Селф, професор на Универзитетот во Њукасл, изјави дека новиот тест би можел да го забави ширењето.

–Неоптерин-тестот ни дава многу рана индикација дека некој има инфекција“, изјави проф. Селф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *