Временска прогноза: Снегот и студот ќе се заменат со вистинско пролетно време

Во следните денови и тоа како ќе ја почувствуваме пролетта , и тоа под влијание на стабилна, сува  и потопла воздушна маса од југ.

Времето кај нас ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од североисточен правец, ветерот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на пораст.

Истите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, во централните  и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до околу 21 степен.

Уште потопло ќе биде кон викендот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *