А1 Македонија: Бесплатна видео конференција за сите корисници

А1 Македонија ги продолжува активностите како поддршка за сите свои корисници со цел поедноставно секојдневие во новонастанатата состојба предзивкана од ковид-19 вирусот.  Од денеска, А1 во соработка со „eyeson“ бесплатно ја овозможува услугата видео конференција, која е одлично решение за реализација на состаноци, без физичко присуство на иста локација. Станува збор за професионално решение преку кое може да бидат поврзани до 100 видео учесници, хостирано на платформата на А1, извести компанијата.

Грижете се за Вашето здравје и одржувајте видео состаноци, наместо состаноци во живо. А1 во соработка со „eyeson“ Ви ја овозможува услугата Видео конференција, која е одлично решение за да ги реализирате Вашите состаноци, без да бидете физички присутни на иста локација. 

Со оваа професионална услуга за видео конференција, која е хостирана на инфраструктурата на А1, ќе реализирате квалитетни видео повици, со совршено јасна слика, едноставно и брзо, без инсталирање апликации. Таа е достапна на Вашиот лаптоп, компјутер или смартфон и обезбедува комплетна сигурност.

Услугата Видео конференција е достапна бесплатно за користење до 30.06.2020, притоа не е потребно да внесувате податоци од платежна картичка. 

Две недели пред истекот на бесплатниот период ќе добиете известување како и информација за условите под кои услугата ќе биде достапна за користење понатаму.

ЗАШТЕДЕТЕ ВРЕМЕ – Поканете учесници само со споделување на линк.

БИДЕТЕ БЕЗБЕДНИ – Податоците што ги пренесувате или споделувате во текот на повикот се безбедни и заштитени согласно строгите европски закони за заштита на приватноста.

КОМУНИЦИРАЈТЕ БЕЗБЕДНО – Избегнувајте состаноци во живо и придонесете за јавното здравје и за заштита од COVID-19. 

За да започнете со користење на услугата кликнете на копчето “Бесплатна регистрација”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *