Во Кавадарци се појавија свлечишта по обилните врнежи

Дождот кој 48 часа паѓаше во Кавадарци предизвика многу проблеми во патната инфраструктура.

Поради обилните врнежи од дожд, појава на свлечиште се јавија на патот Кавадарци-с.Ресава-с.Бегниште. Се предупредуваат возачите кои сообраќаат по овој пат да бидат внимателни. Свлечиштето ќе биде санирано во текот на утрешниот ден.

Исто така поради лошите временски услови и обилниот дожд предизвикано е свлечиште и на патот Кавадарци -Мушов гроб. Истото е веднаш санирано и патот е слободен за сообраќај, јавуваат од Кабинетот на Градоначалникот Митко Јанчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *