Регионалениот центар за пациенти со коронавирус ќе биде во Битола

Нов регионален центар за справување со коронавирусот ќе биде во Битола – изјави министерот Венко Филипче на денешниот брифинг со новинарите. Болницата во Битола вели во моментов има 35 кревети на располагање кои можат да се зголемат до 100, а обезбедени се и услови за интензивна нега со респираторни машини и медицински персонал.

Потенцираше и дека од вчера ставени на располагање се и капацитетите на болницата „8 Септември“ каде се обезбедени 400 болнички кревети за дијагностика и третман на заболени од Ковид 19.

Министерот уверува дека сите јавни здравствени установи во земјава имаат доволно заштитна опрема, која неделава ќе биде надополнета. Најави дека деновиве ќе се врши и набавка на респиратори, а главниот критериум ќе биде брзината на испорака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *