САМО ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА Е СПАСОТ НА МАКЕДОНИЈА!


Пишува: Живко Јанкулоски

Почитувани, само што се воведе вонредна состојба, сведоци бевме уште на прва седница да биде поставена точка на дневен ред избор на судии и доделување на лиценци за тргување на електрична енергијa, а веднаш после неколку седници се случија нови вработувања (65).

Пред некој ден се донесе и уредба за дозволен извоз на брашно ( во кризна – вонредна состојба) и како врв на сето ова се донесе најлудата уредба за пренамена на финансиски буџетски средства за доделување на непостоечки заостанати плати за СЈО.

Дали е возможно, не ми се верува, во ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВЛАДАТА ДЕЛИ ПАРИ ( внимавајте ДЕЛИ, а не крати) за непостоечкото СЈО, кој во изминатиов период поединечно беа наградени со над 300 илјади евра, секој обвинител поединечно.

Од друга страна пак незнаеме како државата ќе врзи крај со крај со овој кризен период, како да обезбеди плати, како фирмите да опстанат во живот и да ги задржат вработените, како да се набават најпотребните заштитни средства за медицинскиот персонал и граѓаните, како граѓаните да си ги обезбедат потребните намирници за живот. Секојдневно се препукуваме на кој се, да се намалат примањата, ги повикуваме најбогатите да бидат хуманитарни во оваа состојба и издвојат најмногу финансиски средства од своите богати буџети, оние најуспешни 20, 50, 100 и 200 фирми во Македонија.

А замислете на оние што имаа највисоки примања во Македонија, а створија само РЕКЕТ и ништо друго, оваа ВЛАДА во вонредни услови им доделува награда во разлики од неколку плати на непостоечка инстотуција, некогашно СЈО.

Сметам дека е крајно време, под хитно, на МАКЕДОНИЈА и е потребна ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА, со поставување на чесни и искусни експерти во своите области, кои ќе работат професионално се до новите избори и нова Влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *