Први случаи на корона во Крушево, расте бројот на заразени во Прилеп

Рапидно расте бројот на ново заразени лица со корона вирус во Прилеп. Денеска има 9 нови случаи, со што вкупната бројка се искачи на 33 лица. Во Инфективното одделение во Прилеп се наоѓаат 3 лица со средно тешка состојба, а едно лице е во изолација и се чека развојот на неговата клиничка слика. Земени се 20 нови брисови од граѓани, чиј исход се очекува во наредните денови – известува Сител Тв од Прилеп преку новинарот Дарко Штаргоски.

Засега се уште не се знае дали помеѓу овие 9 мина има и медицински работници. Засега 1 лекар од Инфективното одделение во прилепската општа болница е позитивен на корона вирус, а додека друг лекар од истото одделение се наоѓа во самоизолација. Со ова се доведува во прашање и нормалното функционирање на самото одделение. Поради тоа најверојатно од утре таму ќе бидат преместени лекари од другите одделенија во Прилеп.

Инаку досега од коронавирусот се инфицирани три лица од здравствените институции во Прилеп.

КОРОНА И ХРОНИЧНИ ЗАБОЛУВАЊА

(109 од заболените се со хронична болест)

Кардиовасукларни болести – 79

Хорнична белодробна болест – 24

Дијабет – 5

Хронична бубрежна болест – 5

Други хронични боилести – 9

СИМПТОМИ:

КАШЛИЦА – 64,1 %

ТЕМПЕРАТУРА – 63,2 %

СЛАБОСТ – 33,6 %

ГЛАВОБОЛКА – 22,0 %

ТРЕСКА – 19,1 %

БОЛКА ВО ГРЛО – 17,1%

ОТЕЖНАТО ДИШЕЊЕ – 16,4%

ВОЗРАСТ – мапа од сајтот

најмал заболен  – 1 година

најстар заболен – 91 година

најмногу заболени – над 60 години (20,9%)

МАПА  (БРЗИНА НА ШИРЕЊЕ ДО 03.04)

Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија)

Заболуваат 176,5  на 100.000 жители

Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија)

Заболуваат 35,8 на 100.000 жители

Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија)

Заболуваат 65,2  на 100.000 жители9

Останатиот дел од државата е во фаза 3 (локализирана трансмисија)

ПОЛ (ОД 483 СУЧАИ – СОСТОЈБА 3.04)

МАШКИ ПОЛ – 230

ЖЕНСКИ ПОЛ – 253

КАДЕ СЕ ЛЕКУВААТ БОЛНИТЕ ОД КОРОНА

ВО БОЛНИЦА – 23,7 %

ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ – 76,3 %

ГЛЕДАЈТЕ ГИ ВЕСТИТЕ НА СИТЕЛ ТВ ВО 19:00 и 23:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *