СЕ ШИРИ ЕПИДEMИJATA ВО МАКЕДОНИЈА

Бројот на болни од епидемијата се искачи н 485 случаи. Од нив 17 луѓе починаа од компликации од вирусот, а 20 се излекувани. Бројот на заболени, како и починати секојдневно се зголемува. Заболените се од 17 градови, а најмногу има во Скопје (221), во Куманово (93) и во Дебар (49).

Корона вирусот не бира повозрасни, млади или деца, здрави или со претходни заболувања. Така 4 % се на возраст до девет години, 3,73 % од 10 до 19, 10,35 од 20 % до 29 години, по околу 20 % во наредните три децении, а речиси 21 % се повозрасни од 60 години. Во изолација има околу 10 ипол илјади луѓе.

Меѓу заразените има и здравствени работници во повеќе градови, чиј број секојдневно расте, а најмногу се од Куманово. Затворени се неколку инфективни одделенија во државава поради заболени здравствени работници.

На клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 61 пациент, од кои 11 се на механичка вентилација. Досега во земјава се направени 4.920 тестирања на Ковид-19.

Според надлежните, пикот на епидемијата на корона вирусот се очекува на крајот на месецов, со проценка бројот на заболени да достигне до 2.000. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *