ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 60

1.  Употребата на терминот “Мултикултура/та” се почесто добива на интензитет во климаксот на поличките случувања во Република Македонија, особено во екот на кампањите за претстојните вонредни парламентарни избори закажани за 12ти април. Тоа особено дојде до израз со изјавата на лицето Зоран Заев (З.З.) дека партијата што во моментов ја предводи (СДСМ) “не била македонска партија, туку мултикултурна партија”!?

     Истресе З.З. невидена глупост и остана жив, но на негова среќа никогаш повеќе не ја повтори! Претпоставуваме дека некој учен и стручен што ги разбира работите го удри по нос, т.е. го предупреди да не жонглира со термини што самиот не знае што значат!?
     Оваа вербална егзибиција на лицето З.З. можеби и е добра прилика да се посветиме малку повеќе на терминот “мултикултура” и “мултикултурализам” за работите да постанат појасни.
     Почетоците што и претходеа на појавата т.е.своевидната генеза на овој термин практично треба да се лоцираат во настаните што следеа по завршетокот на Втората светска војна. Крајот на најголемиот воен конфликт во историјата на човековата цивилизација воедно означи почеток на мрачниот период на “студената војна” што започна помеѓу довчерашните воени сојузници, но сега лути идеолошки противници САД, со земјите нивни подржувачи и СССР, со блокот што го создаде од земјите што со оружје, но и огромни човечки загуби, ги ослободи од нацистичкиот јарем.

     Уште пред званичната капитулација на нацистичка Германија, САД ја лансираа операцијата “Пејперклип” (Paper clip – спајалица), што во пракса се сведе на лов на водечки нацистички научници, особено експерти во ракетната техника, меѓу кои најпознат беше Др Вернер фон Браун, таткото на ракетните проектили “Фау 1” и “фау 2” што го разурнаа Лондон (Американците и самите признаваат дека ракетната програма на САД до 1960-тите години всушност е програма на заробените германски научници – проектот “Сатурн5”, на пример).
     Со разгорувањето на идеолошкто нетрпение на крајот од 1940тите и почетокот на 1950те гоидини помеѓу САД и Советскиот блок и можноста за непосреден воен судир меѓу двата блока, Американците заклучија дека прекалените нацистички воени команданти од фронтовите кај Сталинград, Ленинград, Курск, Нормандија и други фронтови, со богато борбено  искуство, би можеле многу добро да им послужат во евентуалната војна против комунизмот и со лесностија им овозможуваа да се евакуираат главно во прекуокеанските земји, во прв план во Австралија. А таму, по пристигнувањето на аеродромите или пристаништата во Мелбурн, Сиднеј или Перт, веднаш по пристигнувањето, им го менуваа идентитетот и наместо Германци, преку ноќ тие постануваа Австралијанци со англосаксонски идентитет! Слична пракса во педесетите години од минатиот век се применуваше и на обични доселеници-печалбари.

    Со ваквата брутална пракса на асимилација, властите во Австралија со текот на времето сватија дека тоа претставува грубо нарушување на човековите права, и асимилацијата беше заменета со понежна варијанта за интеграција во општеството, со мултикултурата.
    Авторството на терминот “мултикултурализам” му се припишува на професорот на Австралискиот национален универзитет во Канбера Јержи Зубрицки кој прв го употреби во раните шеесети години од минатиот век, за неколку години потоа тоа да стане официјална политика на петтиот континент. Воедно, мултикултурата како политика се спроведува во пракса и во четитите земји на доселувањето: САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, а се заснова на три темелни предуслови, од кои нема и не може да има одстапување. Тоа се:
   1. Еден и единствен службен јазик на ниво на целата земја, а тоа е  а н г л и с к и о т! Со други зборови: во земјите каде мултикултурата е пракса  н е м а  закон за јазици (!?), како што беше изнуден кај нас во РМ, ниту двојазичност (!!!), а доселениците го користат мајчиниот јазик во локалните средини (цркви, клубови и други oблици на социјализација, дополнителна настава на мајчин јазик и сл);
   2. Единствена надворешна политика, и
   3. Единствена (централизирана) одбрана на земјата!

   Место заклучок: темелот на мултикултурализмиот е правото на сите граѓани, без разлика на национална и верска припадност, НО ВО РАМКИТЕ НА ЗАКОНИТЕ НА ДРЖАВАТА, да го изразуваат  своето етничко потекло и културно наследство.

    Значи, наместо асимилација како репресивен метод на интеграција во општеството, преку мултикултурата, луѓето се третирани со почит и достоинство (Види: Мартин Треневски: “Непозната јужна земја – разгледници од Австралија”, Матица Македонска (1992), стр. 101-103). 

    Следствено Зоране Заев: Во демократскиот и цивилизиран свет политичките партии се засноваат на идеолошка и програмска основа, а не на етничката припадност на членовите (таква  глупост карактеристична е само во Република Македонија и не знам дали нешто слично постои во светот!?).
2.  Република Македонија не успеа во изминативе 75 години државност да изгради политика кон сопственото иселеништво кое е побројно надвор, од нас овде во земјата. За разлика од земји каде е традиционална и долготрајна праксата на иселувањето (Италија, Хрватска, Грција…), каде врските на дијаспората со матицата земја се со папчана врска, во нашиот случај се се сведува на импровизации, ад хок активности и случајни ивенти, но не на конзистентна и добро осмислена долгорочна соработка.
     Расположението во дијаспората во огромна мерка е рефлексија на случувањата во татковината, а после невидените стресови што ги приреди владеачката врхушка, разочарувањето нај нашинците ширум светот е тотално. Така, имаме масовен бојкот во црковните општини кон дипломатско-конзуларните претставништва на РМ во странство, контактите се сведени само на службени посети за конзуларни и слични услуги и толку! Се изгуби сплотеноста и соработрката помеѓу сонародниците и македонските ДКПа. Замислите, на пример, ситуација кога на традиционалниот Илинденски пикник што секој 2ри август се органиизра во Торонто, а на кој навремето присуствувале помеѓу 10.000 и 15.000 сонародници од САД и Канада, веќе не присуствува (а ниту го канат) Генералниот конзул на РМ во Торонто!? Жално и трагично, би рекол, но не знам дали Зоран Заев, Никола Димитров и слични ним се свесни за овие последици од капитулацијата што ја починија во Нивице, на Преспа.
     Врв на непочитувањето на дијаспората секако е извесната неможност иселеници кои имаат законска можност да гласаат во странство, да неможат да го остварат тоа свое право заради високиот и недостижен сензус и да имаат свои претставници во Македонскиот парламент!. А според изјавата на  претседателот на ДИК Оливер Дерковски: “Иселениците не биле заинтересирани да гласаат, а доколку не учествуваат на гласањето (на 12 април, моја забелешка) нема што повеќе да бараат од Македонија”!? Не знам дали самиот Оливер Дерковски е свесен каква колосална глупост истресе!? Не сум сигурен.
3. Според меѓународните истражувања Македонија бележи сериозен пад на индексот на корупција и сериозен раст на корупцијата! Најголема стапка на корупцијата во земјата е под власта на СДСМ 2002-2006 и 2017 до денес, под владата на Зоран Заев.

    Од 180 земји обфатени со анализите, Македонија е на 106то место по корумпираност смета Транспаренси интернешнл, а според индексот на демократија на британски Економист во Македонија владее хибриден режим на Зоран Заев, дури полош и од режимот во Косово, заедно со режимите во Сенегал, Непал, Мали, Сиера Леоне, Кенија, Танзанија…!!!

Пишува: М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *