Министерство за надворешни работи: Вкупно 2.207 македонски државјани се вратени во земјава до сега

Вкупно 2.207 македонски државјани се вратени во земјава заклучно со 4 април, покажуваат податоците на Министерството за надворешни работи кое го организира враќањето на наши граѓани затекнати во странство.

Министерството за надворешни работи информира дека денес беше организиран лет за репатријација на вкупно 180 македонски граѓани од Берлин и Келн/Бон.

Со ова,  бројката на репатрирани македонски граѓани во организација на МНР, генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство заклучно со денес, изнесува 2200 граѓани,  кои претходно се изјасниле дека прифаќаат задолжителен државен карантин и учество за плаќање на цената за авио билетот.

На летот од Скопје за Берлин помогнавме и на 163 странски државјани од земјава да се упатат кон своите домови.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија, Германија и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности.

МНР продолжува со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *