Мицкоски: За владата СУЕТАТА Е ПОВАЖНА ОД СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА

Се што предложува ВМРО-ДПМНЕ како мерка, владата го одбива, а тоа веќе не е политика, тука веќе се работи за суета, вели лидерот на партијата, Христијан Мицкоски во „Само  интервју“ на Канал 5

„Секој предлог кој што ќе го даде ВМРО-ДПМНЕ за нив е предлог на непријател. И покрај тоа што тие сакаат во јавноста себеси да се портретираат како државен елемент, над ситуација. Фрустрацијата и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ е толку голема со што и да кажеме ние од ВМРО-ДПМНЕ за нив е неприфатливо“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски вели дека сето ова ќе остави голема трага на луѓето, а во Македонија како мала земја мора да се седне и разговара и за што потоа,  бидејќи многу луѓе ќе останат без работа и треба да се предвидат ризиците за да може да се превенира.

„Јас и ние како партија кажавме дека здравјето на граѓаните ни е пред и над се. Исто и да помогнеме иако сме во опозиција. Целта е да заболат што помалку луѓе. Тоа е прво. Друг аспект е справување со економската криза. Очекувам светски геополитички поместување. Што после пандемијата? Економијата ќе биде тука прашање. Но, ќе има и поголеми поместување. Никој не зборува за психо трауматскиот шок. Една бројка на Блумберг вели дека три милјарди луѓе не се активни,“ нагласи Мицкоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *