Здружението ,,Аманет 1903” подели 300 маски низ битолскиот зелен пазар

Битолското здружение ,,Аманет 1903” го искористи убавото време и пазарниот ден во Битола, да организира хуманитарна акција. Членовите на ова здружение, денеска во битолскиот зелен пазар, на продавачите и купувачите бесплатно им поделија 300 платнени маски, се со цел поголема заштита на локалното население од ширење на пандемијата на корона вирусот во нашиот град. Според последните податоци, во Битола има 4 лица заболени од корона вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *