Некои наставници праќале во два и четири сатот по полноќ лекции

Лекции пристигнуваат и во два па и четири по полноќ, задачи на вибер групи и во 12 часот на полноќ од наставничките, па нивно барање да се одговори рано наутро или до 12 часот следниот ден. Ова се само дел од реакциите на родителите за учењето на „далечинско“ кои деновиве стигна до редакција на 24 инфо. За родителите е несватливо како може наставник да прати задача во два по полноќ.

  • Родител сум на дете кое е во осмо одделение. Генерално немаме проблем со учењето на интернет. Сама ги завршува обврските. Но не можам да разберам како може задача за наредниот ден да се прати во три по полноќ. И истата да се бара да биде одговорена решена и проследена наредниот ден до 12 часот- вели една мајка од училиште во централното градско подрачје.

За друг родител пролем е барањето од наставничката секоја задача да се испечати, да се одговори на лист,да се фотографира и испрати.

  • Ако наставниците имаат проблем со алатките на интрнет кој се користат за он лине учење треба да побараат помош. Документот може да се прати и на него веднаш да се работи. Не гледам причина за вакво примитивно барање од нивна страна- вели мајка на третооделенец. Таа реагира и дека наставничките ги нема цел ден, а задачите ги испраќаат во вечерните часови.

-Работам во банка и сега работам од дома. Како да му помогнам на детето да заврши се до 12 кога сум на работа, а задачата е испратена во 22 часот преходниот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *