Ексклузивно видео од македонската рисица “Лиса” – фатена како го закопува пленот (Видео)

Македонското еколошко друштво со нас споделува ексклузивно видео од македонскиот рис кој е објавен на Фејсбук страницата “Балкански рис”. На видеото се наоѓа женката Лиса една од 15-те рисови кои гравитираат низ македонските шуми: Пелистер , Маврово , Шапка или Кораб но и според траекторијата на движење која е пратена од МЕД тоа ни кажува дека некогаш преминуваат и во територијата на соседите.

Hungry Lisa

Wolfing down a whole roe buck is against etiquette for a lady lynx. Better save some for later. Here is Lisa feeding on her fresh kill in daylight. Covering vast stretches of land surely makes you hungry!

Posted by Balkan lynx on Thursday, 2 April 2020

На видеото може да се забележи дека рисот односно женката “Лиса” го закопува својот плен откако завршува со нејзиниот ручек . Рисовите се парат во Јануари и Февруари додека во овој месец, Април тие имаат принови така да од нашата Лиса се очекуваат да пристигнат нејзините помладоци а во кој национален парк тие ќе се родат останува на Македонското еколошко друштво да не информира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *