Битолчани одамна не виделе “снег до колена” во Април (Фотогалерија)

И најстарите битолчани не се сеќаваат кога последно заврнало снег во Април во ваков обем. Како што тие велат пред 30 и повеќе години на 8-ми Април заврна многу снег и наеднаш падна температурата на -20 како во најсуровите зими. Друг сограѓанин ни искпментира дека цела зима помина со пролетни температури сега на стартот од пролета пред Велигденски , снегот навистина не изненади барем за час да ги тргнеме мислите од короната.

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри соопшти УХМР додека во Крушево наврнале 47 сантиметри снег. Битолчани денес иако им беше отежнато движењето низ градските пешачки улици не го одминаа второ априлското сонце. Снегот иако во големи количини наврна како никогаш до сега брзо се топи на убавото и сончево време.

Градските служби на јавните претпријатија беа повторно активни како во ноќните часови кога обилно врнеше снег . За вечерва се очекува ладно време проследено со ветер ,минималната температура по градови ќе сњ движи од -7 во Маврово, Лазарополе, -5 во Крушево, -4 во Охрид, Куманово и Дебар, -3 Претор, -2 во Прилеп, Крива Паланка, Тетово и Берово, -1 во Скопје, Битола и Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *