Скопјанец заболен со коронавирусот се шетал низ Охрид и имал контакт со луѓе

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(44) од Скопје.

Тој, на 13 март годинава, кога од Австрија пристигнал во Република Македонија, потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20 март, кога во Скопје се упатил во болничка установа со цел да изврши тест за коронавирус.

По медицинскиот наод дека е позитивен тој, самоиницијативно, не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид. Притоа, непречено се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23 март бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга, соопшти полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *