Центар за Култура со соопштение околу одложените концерти на “Фрајле” (Инфо)

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА :

Почитувана публико,
концертите на Фрајле, кои требаше да се случат на 3 Април во Центарот за култура Битола, се одложени се до смирување на ситуацијата со Корона вирусот. Во овој момент билетарницата на Центарот за култура не работи по препорака на владата, но по започнување со редовна работа, доколку сакате да ги вратите билетите за концертите, истото ќе можете да го направите со приложување на фискална сметка.
Да напоменеме уште еднаш, дека концерти ќе бидат закажани во првиот момент кога владата ќе даде дозвола за работа.
Чувајте се, заштитувајте се, и сите заедно што поскоро да го наполниме Центарот за култура со убави настани и убава публика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *