Болница „Плодност“- Уште тројца се позитивни на Ковид-19, не се сите вработени тестирани !!

Болницата “Плодност” каде пред неколку денови беше првиот заразен од коронавирус , утрово на фан страната на Болницата потврдија дека има уште три нови позитивни на Ковид-19 , соопштението во целост :

ДО ЈАВНОСТА ПО ПОВОД НОВИТЕ СЛУЧАЕВИ НА КОРОНА ВИРУСОТ ВО БОЛНИЦА „ПЛОДНОСТ“-БИТОЛА

Почитувани, еве повторно мора да се обратам во името на вистинта.
Бевме и ќе останеме транспарентни. Да нема дилеми.Не уште двајца, туку тројца од персоналот се позитивни на корона вирус од Болница „Плодност“. Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гиеколог и една медицинска сестра. Анестезиологот и медицинската анестезиолошка сестра пред три дена само еден ден имаа температура и блага кашлица Јас побарав да им се земат брисеви. Побрав да се земат брисеви и од неколку вработени кои кивнале.Сакам да се земат брисеви од сите вработени.Институтот за јавно здравје прави проценка и не сака да земе на сите. Анестезиологот и медицинската сестра само еден ден беа фебрилни, сега се здрави и немаат ништо. Барав за гинекологот кој е од Прилеп, а е кај нас вработен, заради тоа што има епидемиолошка анамнеза. Тој е позитивен (вчера попладне ми ја даде информацијата).Тој е асимптоматски носител.Тие се најопасните како сите вие кои што не знаете можеби дали сте таков носител.
Од таму апелирам до министерот да ги остави препорките на СЗО и побогатите држави да се тестираат само симптоматските пациенти и оние со позитивн епидемиолошка анамнеза.
Министре оставете ги препораките на СЗО и побогатите држави да се тестираат само симптомтските пациентки и оние со позитивна епидемиолошка анамнеза. Можеби така ќе се создаде паника (паниката е состојба на исклучителен страв од вистинска или претпоставена опасност по живот), но ќе се добие друг ефект….. изолација, а тоа е многу битно бидејќи ако имаме помасовно тестирање ќе имаме помасовна самоизолација и изолација.Тие се големи држави многумилионски Ние сме само 2 милиони народ (помала популација ќе се испаничи). На тој начин ќе се намали бројот на асимптоматски носители на вирусот кои сега слободно шетаат низ градот и се потенцијални вирусоносители.Тие се најопасните за околината. Многу полесно е кога ќе го откриете заразениот. Има многу повеќе заразени во Македонија отколку што се детектирани. Ни фали тестирање. Не знам зошто немаме масовно тестирање. Самоизолација, земање витамини и имуносупортивна терапија, изолација на оние кои биле во најблизок контакт и бројот на заболени полека ќе стивнува.
Гледате што се случува, умира медицински персонал, доктори, сестри техничари и друг персонал. Ние здравствените лица сме на прва борбена линија на фронтот и немаме право да заминеме да се повлечеме од фронтот. На иста опасност се изложени во продавниците и супермаркетите, но тие може да си одат дома. Ние сме први што се заразуваат. Вработените во супермаркетите имаат право да си заминат, ние не, бидејки наша етика е и морал да им помагаме на луѓето.
Вината е и во пациентите, не дека се носители и ќе ни го донесат вирусот, туку се неискрени. Ние имавме направено прашалник епидемиолошки според СЗО критериуми. Интенција ни беше уште пред месец дена да влегува секој пациент во тријажно одделение, за да му направиме епидемиолошка анкета (после 13.04.2020 задолжително ќе поминат низ тој тријажен дел сите оние кои што ќе дојдат во болницата, ќе потпишат формулар за веродостојноста и ќе одговраат кривично ако излажале). Но заклучокот беше дека нашите пациенти не се доволно искрени, кријат, не сакаат да кажат дека имале некој од симптомите на корона вирусот ниту, дека биле со сомнително лице во контакт, а кое дошло од друга високоризична за Ковид 19 држава. Нашите граѓани поготово битолчани се плашат да кажат дек имаат температура, треска, малаксалост, болки во грлото и не бараат да се тестират за корона вирусот плашејќи се од тоа да не бидат анатемисани, жигосани и непожелни да живеат во оваа средина(Битола), а не се плашат од последиците и компликациите на ова инфективно заболување. “Битолчани седете дома и умирајте не кажувајте никому дека имате симптоми на корона вирус затоа што ако ве дознаат, ќе ве жигосат“ -напиша една сограѓанка на својот фб статус.
Затоа почитуван г дин Министре, мислам дека е потребно помасовно тестирање на пациентите за да ги откриеме асимптоматските носители на вирусот. Така ќе се створи малку поголема паника, но ќе го спречиме ширењето на вирусот. Сеуште не е касно, имаме уште малку време се додека не се “скрши здравствениот систем“, кога возот ќе замине низ брдо, а ќе треба секојдневно да се објавувате повеќе смртни случаеви од новозаболени.
Со голема почит за Вас Министре д-р Венко Филипче, прифатете го мојот совет. Направете увоз на тестови. Веќе фармацевстката индустрија ги работи на големо и не е тешко да се набават, а и не се скапи (барем овие кои се на база антиген- антитело). Иако тие не покажуваат точно присуство на вирусот, ќе направат скрининг кои се за ПЦР методата. Што се однесува до точноста на тестовите за докажување на Ковид 19 и самите фармацевтски фирми, објаснуваат дека се многу сензитивни иако има и најмало пореметување на морфологијата на вирусот, дава во 50% лажно позитивни резултати (ние на наша кожа тоа најдобро го сетивме и немаме веродостојни информации дали Христијан е позитивен или негативен, а немаме клиничка слика за постоење на виросот). Христијан со мала симптомологија бараше да се тестира на корона вирус. Ќе поминеше се како една грипозна настинка. Истото се случува со другите наши врботени. Сега немаат никакви симптоми. Можевме кај никој да не бараме да се тестираат и се ќе поминеше како да е обична настинка.
Рескирав мои драги Битолчани да докажам дека може да сме носители на таков вирус (затоа што некој ни го донесол) во името на безбедноста, сигурноста и грижата на пациентите, рескирав и ја затворив болницата, а Вие уште фрлате отровни стрели. Каде згрешивме? Вршите притисок во МВР дека Христијан пред месец дена, 15 дена итн си дошол од Копаоник ,Банско, па од Тирол Аустрија, за да станеме предмет на вештачење на секторот за криминал од МВР. Тие имаат сознание дали Христијан ја напуштил и кога ја напуштил границата и дали бил на тие места, а сите Вие кои тврдите на фб дека д-р Христијан Трпчевски беше во едно од споменатите места во последните два месеци, напишете го тоа, ама на прав, не на лажен фб. Е тоа ќе треба да го докажете и на суд, ама и ќе си ги сносите последиците од тоа судење.
Ќе ви дојди дома вирусот, седете со температура и кашлица, да не дознае некој друг, оти ќе Ве сатанизират битолчани од најгрдскиот град на конзулите. Епа битолчани, “Ова е мојата Битола најуба на светот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *