Србија со помош мерки за граѓаните (Прес Видео)

Пакетот помош за економијата поради ефектите од вирусот корона вреди 5,1 милијарди евра, за секој граѓанин кој има полни 18 години во Србија ќе добие по 100 евра, вели министерот за финансии на Србија, Синиша Мали.

Државата ќе им исплати на претприемачите и на секој вработен во мали, микро и средни претпријатија три минимални плати во наредните три месеци.

„Опфаќа повеќе од 900.000 луѓе кои се најтешко погодени и ќе изнесува 97,3 милијарди динари“, рече Мали.

“Одиме и со шема за гаранција од две милијарди евра. Ова се заеми што ќе бидат поддржани од државата и банките нема да имаат голем ризик. Тие ќе можат да ги земат претприемачите за ликвидност и обрт на капиталот “- рече министерот за финансии.

Директна помош на граѓаните Секој полнолетен граѓанин ќе добие еквивалент од 100 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *