По вчерашниот “црн чад” над Рек Битола, отстранет дефектот на електростатскиот филтер

Од РЕК Битола информираат дека во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, дојде до проблем на електростатскиот филтер на еден од блоковите во РЕК Битола.

Стручни лица од комбинатот работеа непрекинато изминатата ноќ на отстранување на дефектот и состојбата утрово е нормализирана.

РЕК Битола продолжува со континуирано производството на електрична енергија од Блок 2 и Блок 3, додека Блок 1 се наоѓа во редовен годишен ремонт – известија од Рек Битола а пренесуваат локалните медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *