ЗА АМОРТИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБАТА СО КОРОНА ВИРУСОТ ВО БИТОЛА ОПОЗИЦИЈАТА СО КОНКРЕТНИ МЕРКИ ДО ПЕТРОВСКА

Хуманитарни пакети за лицата и семејствата во социјален ризик и затворање на сите спортски терени и излетнички места, се само дел од мерките во Иницијативата поднесена до градоначалничката Петровска од претставниците во Советот на општина Битола на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.

Следи иицијативата:

Врз основа на член 3 од Законот за заштита на населението од заразни болести „Службен весник на Република Македонија“ бр.(66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014,150/2015 и 37/2016), јас Иванчо Тошевски – член на Советот на Општина Битола и Претседател нa Комисијата за безбедност при Совет на Општина Битола во соработка со колегите од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, ја поднесувам следната

И Н И Ц И Ј А Т И В А

за преземање на мерки за заштита на населението од заразни болести Имајќи ја во предвид прогласената вонредна состојба на територијата на државата поради пандемијата на зараза со вирусот COVID – 19, како и фактот што подрачјата на Општина Охрид, Општина Струга и Општина Прилеп претставуваат заразени подрачја каде што се евидентирани повеќе случаи на заразени лица по пат на локална трансмисија, кои претставуваат извори на зараза и каде што не може со сигурност да се утврди дали векторот на ширење на заразата е во целост лоциран, а исто така поаѓајќи од фактот дека на подрачјето на Општина Битола веќе има евидентирано случај на заразено лице со COVID 19, поради што има третман на загрозено подрачје согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, предлагам:

1. Со оглед на тоа дека Советот на Општина Битола не може да биде свикан поради забраната за одржување на собири, како извршен орган на Општина Битола, да ја проследите и да ја поддржите оваа иницијатива до Министерстото за здравство како надлежен орган кој може да даде предлог до Владата на Република Македонија, да се донесе одлука со која согласно член 58, став 1, точка 3 од Законот за заштита на населението од заразни болести ќе се забрани движење на населението од заразените подрачја (подрачјата на општините каде што има евидентирано случаи на заразени лица со COVID 19) кон загрозеното подрачје (подрачјето на Општина Битола).

2. Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје да спроведе ЗАСИЛЕНА промоција на мерките за спречување и превенција од зараза со COVID 19.

3.Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје ЗАСИЛЕНО да го следи обезбедувањето на безбедна вода за пиење и контрола над исправноста на водата и објектите за водоснабдување и отстранувањето на отпадни води и друг тврд и течен отпад на начин кој ќе оневозможи загадување на човековата околина (вода, земјиште,воздух), како и да издаде соодветни препораки до јавните комунални претпријатија за засилен надзор врз почитувањето на стандардите при вршењето на работите и задачитеод дејностите за кои се формирани.

4. Целосно затворање на сите отворени спортски игралишта и излетнички места на територија на Општина Битола

5. Ограничување на работата на градските пазари и маркетите во градот и максимално зајакнување на капацитетот на волонтерските екипи во соработка со ОО на Црвен Крст и ставање во функција на дел од возниот парк на ЈП со цел непречено снабдување на граѓаните со неопходните намирници, храна и лекови со акцент на ризичните категории на граѓани.

6. Во соработка со ЦСР – Битола, ОО на Црвен Крст и други хуманитарни организации од Битола да се обезбедат хуманитарни пакети за социјално ранливите категории на граѓани.

Иван Тошевки и Советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата

Битола, 29 март, 2020

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *