Македонците од Германија обвинуваат за хаос во транспортот на патници

Македонците од германскиот град Келн обвинуваат за тотален хаос и дезорганизираност при синоќешното транспортирање на македонските граѓани со т.н. хуманитарен лет. На аеродромот во Келн-Бон по список биле повикани 200 луѓе, а авионот имал само 180 седишта. Плус на аеродромот пристигнале и Македонци кои биле вклучени за овие хуманитарни летови во официјалната вибер група која била направена од страна на претставник на Владата, таа вибер група броела дури 350 членови. Сега на аеродромот биле заглавени над 40 луѓе кои не знаат каде да одат.

„Синоќешното патување излезе во таков неред што останаа преку 40 луѓе на милост и немилост кои се оставени таму да спијат буквално на аеродромот, бидејќи ниту еден хотел во Германија не прима гости, забрането е да примаат гости со корона вирусот. Има тука и постари луѓе, има за жал и деца и тие се оставени да спијат на терминалот“, рече Миле Николоски, претседател на македонската заедница во Германија.

„Чекаат понатамошни инструкции се додека не ги известат за понатамошен друг лет, евентуално ако има втор лет“, додаде Николоски.

Македонците се благодарни на претставниците на нашето Конзуларно претставништво во Бон, но велат дека односот на Владата бил несериозен. Дел од Македонците патувале и над 400 само за да се качат на овој лет.

„Не можат да влезат, а биле исконтактирани од МНР каде им било кажано да дојдат во 15 часот на аеродром, бидејќии ќе летаат за Скопје. Некои не беа ниту на официјалниот список, а биле на тој список, на таа вибер група, па така дојде со неспоразум“, рече Николоски.

Повеќе во Дневникот на Сител во 16:00 и 19:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *