Затворени 22 локали, а кај околу 60 трговци откриле покачување на цената на продуктите

Од 23 до 27 март инспекторатите во земјава направиле 7 633 надзори. Најголем дел од нив биле спроведени од страна на Државниот пазарен инспекторат – 5 155, информираше претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашковска.

Пазарниот инспекторат, како што посочи таа, во тој период затворил 22 угостителски објекти кои не ја почитувале забраната за работа во време на вонредната состојба. Станува збор за локали во Скопје, Куманово, Гостивар и Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *