Почина 31-годишник, 16 се новозаболени и 257 заразени лица

На Клиниката за инфективни болести денеска за жал починаа две лица, еден пациент на 91 години и тоа осум дена откако бил хоспитализиран, како и уште еден млад човек на 31 годишна возраст чија клиничка слика беше тешка, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Вкупниот број на новодијагностицирани лица е 16, па сега вкупниот број е 257 заболени лица. На Инфективната клиника се примени тројца пациенти од Скопје и Куманово, хоспитализирани се таму вкупно 49, од кои седуммина се со потешка слика, пневмонија. Нема пациенти кои се лекуваат на респираторна машина. Стабилна е останатите пациенти во државата, вклучително и на оние кои се на домашно лекување – информира министерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *