Ноќва почнува летното сметање на времето

На 29 март (недела), во 2 часот наутро ќе почне летно сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час понапред и во 2 часот ќе покажуваат 3 часот. Летното сметање на времеот ќе заврши на 25 октомври годинава во 3 часот, кога ќе се премине на зимското сметање на времето.

Часовникот почна да се менува од 1981 низ цела Европа. Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на стрелките од часовникот во земјите на Европската унија. Предлогот беше одобрен од страна на Европскиот парламент и сега секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали да остане во летното или во зимското сметање на времето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *