Tаксистот Славчо Цариќ бесплатно вози стари и изнемоштени лица

Превозот го врши секој ден во периодот од 7 до 10 часот. За ваквиот гест тој вели дека нема некоја посебна причина, туку едноставно сака да даде свој придонес за општеството, посебно на Општина Центар.

Поттикнат сум од хуманите активности на Општината Центар и на градоначалникот Саша Богдановиќ, со кои покажуваат дека се грижат за своите граѓани, жители. Општината Центар ми помогнала кога ми било најпотребно и сега сакам на некој начин да возвратам – изјави Цариќ за весникот ВЕЧЕР

Меѓу граѓаните кои во оваа тешка ситуација, кога секој стрепи да не заболи од коронавирусот, има и такви кои несебично ја нудат својата помош. Еден од нив е и таксистот Славчо Цариќ, кој живее во општина Центар, на улицата „Мајка Тереза“ (поранешна Водњанска), спроти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Тој како лиценциран индивидуален таксист нуди бесплатен превоз на старите и изнемоштени лица од територијата на општина Центар.

Повеќе во статијата на Вечер -.

https://www.vecer.press/t%d0%b0%d0%ba%d1%81%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%be%d1%82-%d1%81%d0%bb%d0%b0%d0%b2%d1%87%d0%be-%d1%86%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%9c-%d0%b1%d0%b5%d1%81%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%bd%d0%be-%d0%b2%d0%be%d0%b7%d0%b8/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *