Граѓаните реагираат за повратниците од Малта кои ќе бидат сместени во “Епинал” – Битола !?!

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство, вечерва организираше враќање во земјата на 169 македонски граѓани од Загреб.

Претходно, во попладневните часови беше организиран лет за 118 македонски граѓани од Валета, Малта.

Враќањето на граѓаните беше организирано со летови на авиопревозникот „Визер“, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата, понуди најниска цена за авио билетите. Граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15 дневен карантин којшто беше еден од условите за нивно враќање во земјава, е на товар на државата.

Повикувајќи се на принципите на солидарност и во духот на добрата регионална соработка, на овие летови беа превезени и 9 странски државјани, 4 од Хрватска, 4 од Црна Гора и 1 од Косово.

1 thought on “Граѓаните реагираат за повратниците од Малта кои ќе бидат сместени во “Епинал” – Битола !?!

  1. Dobro koj ja donese ovaa odluka? Pretpostavuvam opstinata glavanata uloga ja izigra. Namesto soodvetni mesta kako gore domot (sto od pred 3 god.sekirinska.ko idese i eden kup meraklivcinja i ligusi sto se snimaa..da go naprat ete za vakvi raboti) , pa i ete studentski dom sega taman ne raboti, oddel od bolnica.. negde ponastrana ima hoteli periferno. Ete za vakvi slucai kasarnata kaj pravniot fakultet ke si imase namena ama koja pusta bitola koi srebroljubci prodaeni da gi naprat. Od kiraco i onaa od ocekuvate nesto salam vie? Neznam kako zitelite od najcentralno podracje ne protestirale o ne se organizirale

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *