Пелистер – Металопластика: Ракометна “тепачка” далечната 1988 во Битола

Дербито на Југославија одигран во Битола далечната 1988 година помеѓу Пелистер и Шабачка Металопластика ќе остани запаметена по големата “тепачка” која се случи пред крајот на мечот а “најдебелиот” крај го извлекоа гостите од Шабац . Гужвата ја направиле Исаковиќ и Вујовиќ кога на записничката маса го искинале записникот од мечот.

Миле Исаковиќ (на насловната фотографија лево , десно е Вујовиќ)

-Не знам кој се не ме држеше али сигурен сум дека најмногу со нога и рака ме удираа Крстевски и Зечевиќ , враќав колку што можев но во еден момент забележав дека и публиката и полицијата удираа на мене – изјавил Исаковиќ наредниот ден врзан со завој на главата. Најлошо поминал голманот на Металопластика , Дејан Лукиќ кој се здобил со скршеница на носот. Како се тоа изгледало пред 32 години во салата Младост од видео снимката во продолжение .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *