Волонтери на Црвениот Крст им помагаат на најранливите жители на Битола – Сител Тв

-Ние сме три тима, секојдневно работиме, им помагаме на загрозените групи граѓани погодени од оваа ситуација, останатите да останете дома и да бидете безбедни, изјави Димитар Лазаревси, волонтер во Црвен Крст во Битола.

Волонтерите на битолскиот Црвен Крст се постојано на терен, после воведувањето на телефонските броеви на кои можат да се јават ранливите групи граѓани кои имаат потреба од намирници и лекови. Граѓаните се јавуваат и ги кажуваат своите потреби. Веднаш штом го добијат повикот, екипата се подготвува со соодветна заштитна опрема. Се добиваат потребните насоки и информации и се заминува на терен.

Повеќе во видеото или во Дневникот на Сител во 19:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *