“Да, ПОЗИТИВЕН ми е тестот на Ковид – 19”

Докторката, Гордана Николиќ од Општата Болница е една од петте новозаразени од коронавирусот во Куманово. Докторката, информацијата за својата болeст наводно ја споделила на Фејсбук, а ја пренесува Воислав Борозанов.
– Драги мои фб пријатели Ковид – 19, не е шега!!! Да, ПОЗИТИВЕН ми е тестот на Ковид -19 . Денес дознав. Шок, секако, не сакам да верувам. Немам уште написмено, ама ми соопштија. Ова не се крие, се кажува, допрва ќе има случаи. Но, за нас медицинските лица тоа е нешто за што знаеме дека може да ни се случи, данок на професијата. Космонаутската заштитна маска ја купив доцна. Можам само да претпоставувам од кого го добив вирусот, не да тврдам.

За тоа епидемиолозите ќе се погрижат, ако можат воопшто да најдат. Имав контакт, службено и со заболената која почина, имав контакти и со ‘здрави’ луѓе на работа. Не’ шетав никаде надвор од Македонија. Не знаеме кој е носител, а навидум е здрав. Никој не сака свесно да пренесе некому, затоа СЕДЕТЕ ДОМА.
Вие кои не морате да одите на работа не одете на кафе по комшии, правете муабет на растојание од два метра ако веќе морате. Користете мобилен за муабет. Јас еве сега ќе бидам во карантин дома, нема да излегувам од дома, да не ми се плашат прво комшиите во влезот. Нема ни во лифт да се возам да знаат.

Кеси со храна и друго пред врата ќе ми оставаат мои блиски и откако ќе си заминат ќе ја земам кесата. Не се плашам за мене, се плашам за другите. И се си мислам дека ова е лош сон, ама не е. Реалност е. Отидов да пијам чај и сок од лимони, да правам смути, да пијам суплементи. За сега сум ок, освен главоболка и лесно кашлање, немам друг сипмтом. Цел живот нешто се борам и еве пак. Чувајте се. Постот го пишувам за доброто на сите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *