Трудово право за македонците кои работат во Германија

1.Имат ли право вработените на плата ако поради страв од вирусот си останат дома.
Ако по сопствено убедување си останете дома немате право на плата, бидејки прекинувате со обврските без обострана согласност. Дури и во време на пандемија работниците немат законско право да отсуствуваат самоволно од работното место. Нејавувањето на работа може да биде укорено со предупредување или отказ.

  1. можат ли вработените да работат од дистанца
    Таму каде што има возможност може работодавачот и вработениот да се договрат за работа од дома (home-office). За вработениот да работи од дома треба задолжително да биде одобрено од работодавачот
  2. Задолжен ли е работодавачт да исплака плати во случај на запирање на порачките или суровини заради корона вирусот.
    Според трудовото право во Германија работодавачот го сноси т.н. Економски ризик. Тоа значи дека при сутација во која фирмата продолжува со работа но поради запирање на порачките, продажбите, суровините и сл продолжува да работи на загуба. Во моментот многу од репроматерјалите, стоките и услугите од Кина не може да се достават и како резултат се запира проидзводството. Но работодавачот е должен да исплака платана вработените и да го сноси ризикот.
  3. Продолжува ли исплакање на плата од работодавачот кога работникот е разболен од коронавирус. Што се случува при сомнение за инфекција или поставување во карантин.

-ВО случај да работникот се разболе од вирусот тогаш има право на исплакање на платата во период од 6 седмици (§3 EFZG)
-Ако ви е изречен карантин тогаш работникот има право на плата 6седмици по §30 IfSG

  1. Има ли право работникот на плата при официално затворање на фирмата.

Ако фирмата се затвори поради опасност од инфекции зарази како што се сега на пример училишта, градинки и сл. Тогаш фирмата треба да ги исплака платите по принципот на економскиот оперативен ризик. Како услови за оперативен ризик се познати прекин на ел. Енергија, природни непогоди, недостаток на суровини, дефектни машини и др. Услови кои не зависат од работодавачот. Согласно судската пракса работодавачот го сноси ризикот и при официални мерки како што е сегашната за затворање на работата на некои од фирмите.
Општи ризици како на пр војна, грагански бунт, теростички напад и сл не се однесуваат на оперативен ризик кој е на сметка на работодавачот.
Ако продолжат со работа рестораните, училишта, градинки и сл. Има голема веројатност поради феквентноста на места да вработените се заразат и во таков случај одговорността и непренатото исплакањет на плати го сноси работодавачот.
Затоа за сга фирмите затвораат и бараат обештетување од државата по §56 IfSG.

  1. Имат ли право работниците на плата ако им биде забрането да работат заради корона вирусот?

Да поради опишаните улови погоре работниците имаат право на обештетување согласно § 56 al. 1 IfSG.

  1. Имат ли право на обешетување и плата вработените кога се спречени да работат бидејки се индирекнто засегнати од корона вирусот?

Пример за такво спречување е кога детските градинки не работат и работникот мора да се грижи за своите деца.
ВО тој случај неможе да се приложе §56 IfSG. Но работодавачот може да биде задолжен согласно §616 BGBпоради тоа што : за краток период од време тој е спречен по лична причина и не по своја вина да работи. Во дополнение на тоа §2 al.1 Pflegezeitgesetz се пропишува дека работникот може до 10 работни дена да отсуствува од работа кога е необходно да се грижи за свој близок.
Затоа отсуствието до 10 дена се прима за -краток период- по смисла на §616 BGB ако на пример детската градинка е затворена во тој период.
За да биде продожено плакањето на платата по §616 BGB мора тоа да биде предвидено во работниот договор помегу работникот и работодавалот.

  1. Какви заштитни мерки треба да воведе работодавачот во врска со корона вирусот.

Секој работодавач е задолжен спрема работниците да осигури безопасни услови за работа. Мерките кои може и треба секо работодавач да ги овозможи во ова време на епидемија се дезинфекциски матерјали,насоки за употребата , да ги зголеми хигиенските мерки како и местата каде што има голема фрекфенција ги обезбеди и дистанцира.

  1. Задолжен ли е работодавачот на посебни грижи кон лугето кој се вракат од Кина, Италија или друг регион степенуван од Роберт Кох Инст. Како високо ризичен.

И покрај заштитата на податоци работодавачот мора да ги извети и опомени вработените за тоа кој е бил во тие региони. Се препорачува да лугето кои се вракаат од тие региони останат дома 14 дена како и да се јават на лекар и ги имат необходните испитувања.

  1. Може ли работодавачот да нареди патување во некој од опасните региони.

За областите за кои Мин. За надворешни работи има забрана за патување работниците имаат право да откажат отпатувањето во тие области бидејки отпатувањето во тие региони би било опасност за нивното здравје.

  1. Може ли работодавачот да објави редуцирање на работата поради корона вирусот?

Во ситурација кога намалува обемот на порачки, продажби и суровини работодавачите го сносат економскиот ризик од ситуацијата. Во таков случај работодавачот објавуа редуцирање на работата и во тој случај работниците продолжуваат да работат но во намален обем и соодветно добиваат редуцирана плата или Kurzarbeit.
ОД бундесрегиерунг беше соопштено дека при намалувањето на обемот на работа како последица од корона вирусот истите може да кандидираат за државна помош по смисла на социален кодекс § 96 abs.1 Nr. SGB III. За таа цел работодавачот мора да ја докажи необходноста од редукција на обемот на работа.
Но работодавачот не може самоиницијативно и не докажано да го редуцира обемот на работа по сопствена проценка а не бил принуден од наложените државни мерки за сигурност, и во таков случај нема да може да ја користи државната помош.

  1. Какви се олеснувањата за работодавачот и работниците во случај на радуцирање на обемот на работа.

При намален обем на работа т.е. Редуцирање работодавачот и работникот имаат право на помош од државата. Во случај на редуцирање на работата и редуцирање на примањата тогаш работникот има право на помош од државата во висина на 60-67 % од разликата од нормалната и редуцирана плата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *