Стопанска Банка од денес ги исплаќа пензиите на банкомати

Исплатата на пензиите во Стопанска банка Битола за овој месец ќе започне денеска на пензионерите кои ја добиваат пензијата,  можат да ги подигнат своите пензии на банкоматите на Банката. Почнувајќи од 28.03, покрај на банкоматите, исплатата на пензии ќе започне и во експозитурите на шалтерите на Банката.


Бидејќи во случајот станува збор за поризична и посензитивна група на граѓани, во насока на заштита на нивното здравје, а согласно препораките на институциите со цел превенција, и минимизирање на ризикот за ширење на вирусот Ковид-19 апелираме на тоа широката мрежа на банкомати на Банката да се искористи за подигнување на пензиите, а посетите на експозитурите да се сведат на минимум.

Во сабота (28.03) во Битола ќе работат експозитурите: Централата и Стара зграда со работно време од 07:30 до 12:30 часот. Од понеделник, со редовно работно време ќе работат експозитурата во Централата, експозитура Стара Зграда и шалтерот во Општина Битола. Експозитура Болница согласно реорганизацијата овој период е целосно затворена.


Чувајте се и бидете одговорни за вашето и здравјето на сите околу вас, стои во соопштението од банката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *