Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито сака да продолжи Сериа А најбрзо што може , Ањели од Јувентус против !?

Само пред неколку денови претседателот на синдикатот на играчите во Италија Дамјано Томази бил против наредбата од претседателот на Лацио, Клаудио Лотито кој ги натерал во понеделник сите играчи да се појават на тренинг и да тренираат по што имаше многу реакции како од играчите на Лацио така од целата јавност во Италија.

На вчерашниот состанок на клубовите од Серија А одржаа видео состанок на кој дискутираа за иднината на сезоната, па дојде до вербален судир меѓу претседателите на Јувентус и Лацио.

Лотито ги убедувал останатите дека неговите извори велат дека епидемијата полека се намалува и поради тоа првентсвото ќе може наскоро да продолжи.

“Дали ги видовте податоците? Вирусот заминува. Разговарам со вистински експерти, луѓе кои се во првите линии, а не клупски доктори ” – рекол Лотито.

Веднаш потоа одговори првиот човек на Јувентус.

“Секако, секако. Сега стана и експерт и виролог“ -му одговори Ањели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *