Русија со 15-ти авион помош за Италија

Руските воздушни сили кон Италија го испратиј и 15-ти авион со помош, во кој има војници и опрема што треба да и помогнат на земјата во борбата против коронарнавирусот – соопшти руското Министерство за одбрана.

„Петнаесеттиот авион Ил-76 на руската армија полета од пистата ‘Чкаловски’ со цел да испорача опрема за борба против вирусот на италијанските воздушни сили во базата Пратика ди Маре на 30 километри од Рим“, изјави претставник на Министерството.

Минатата сабота рускиот претседател Владимир Путин и италијанскиот премиер Џузепе Конте телефонски договорија помош за Италија, а од 22-23 март осум мобилни бригади пристигнаа во Италија со 14 авиони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *