Пристигнаа новите обрасци за пасоши

Новите обрасци за пасоши пристигнаа во земјава, соопшти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на телевизија Телма.

-Новите обрасци за пасоши пристигнаа. Сега во оваа ситуација се разбира нема голем интерес, бидејќи и границите се затворени. Сепак, има некои граѓани кои и сега аплицираат, во најголем дел тоа се луѓе кои сакаат да аплицираат за виза, па имаат потреба од број на важечки пасош, рече Чулев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *