Бездомните лица и питачите затекнати по полицискиот час ќе бидат спроведени во пунктови за згрижување

Се растеретија гужвите во автобусите на ЈСП откако е скратено времетраењето на полицискиот час наместо во шест, да трае до 5 часот изутрина. Дополнително, ЈСП го врати редовниот распоред на лимнииите, па за разлика од од вчера кога сликите сведочеа за голем број патници во автобусите, сега поплаки од граѓаните. Возачите добиле насоки да не застануваат на постојка доколку е исполнет бројот на патници согласно мерките.

Бездомниците, пак, кои ќе бидат затекнати за време на забраната за движење ќе бидат спроведени од полицијата до некој од згрижувачките пунктови велат од Центарот за социјални работи СКопје.  Се работи на тоа дозвола за спроведување на овие лица да добијат и тимови  од социјални работници.

Повеќе во Дневникот на Сител во 19:00 и 23:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *