Потпишете се на петицијата за воведување евтина тарифа на струјата

Бидете и вие дел од над 37.000 граѓани кои бараат воведување на евтина тарифа на струјата за време на вонредната состојба во Македонија.

https://www.change.org/p/%D0%B5%D0%B2%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%84%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B5-%D0%B2%D0%BE%D0%BD%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B1%D0%B0-tarif%C3%AB-e-lir%C3%AB-e-energjis%C3%AB-elektrike-gjat%C3%AB-situat%C3%ABs-t%C3%AB-jasht%C3%ABzakonshme?recruiter=552076514&utm_source=share_petition&utm_medium=facebook&utm_campaign=psf_combo_share_abi&utm_term=psf_combo_share_abi&recruited_by_id=53c23550-2b0b-11e6-b882-8be211b936ec&utm_content=fht-20976813-en-us%3Av10&fbclid=IwAR1ZjHlQPNLmFgx1WH02s3excAoLfM5HOVDXb_AYOnGdy1FPrec4T8Ms65g

Опасноста од забрзано ширење на Корона вирусот е реалност.
Затоа, ги поздравуваме здравствените мерки кои се преземени од страна на Владата и Министерството за здравство и наредбите за самоизолација на населението. 

Но, истовремено ја потенцираме опасноста од настанување нов проблем, а тоа е социјалната криза и сиромаштија која ќе ја предизвикаат здравствените мерки доколку не бидат навремено проследени со социјални мерки.
Имено, задолжителноста на самоизолацијата, подразбира задолжително останување дома во текот на речиси целото деноноќие. Тоа значи повисоки режиски трошоци (повисоки сметки за струја, вода, греење итн.).
Сето ова во ситуација кога граѓаните остануваат без работа поради затворањето на голем дел субјектите од производствените дејности  и сите услужни дејности. Сето ова во ситуација кога сосема е за очекување да има семејства без ниту еден вработен во периодот кој престои…
Затоа бараме од владата вонредната состојба да ја искористи преку донесување низа уредби со законска сила за помош на населението преку социјални трансфери. Но, пред да се донесат истите, неопходни се итни мерки кои треба да се донесат веднаш!
Во прв ред тоа е воведување ефтина тарифа за струјата во текот на целото деноноќие, а со цел да се спречи негативниот економски ефект на самоизолацијата – зголемени износи на сметките за струја.
Сметаме дека оваа мерка може да се донесе веднаш!

https://www.facebook.com/%D0%95%D0%B2%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%84%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D1%98%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B5-%D0%B2%D0%BE%D0%BD%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B1%D0%B0-112622660371058/?modal=admin_todo_tour
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *