Светот во шесто пакување

Се враќаме назад во доцните 80 години.Сите типувавме на Јапонското Светско чудо економија во подем и мислата дека Јапонија ќе биде новата хегемонија во економијата достојна замена на Економската велесила САД.Но состојбите кажуваат дека сме дале погрешни проценки.
Денешните анализи и факти зборуваат дека Кинеските компании и кинеската економија во целост е во десете топ светски еконoмоски чуда што и никој тоа не го предвидуваше во такви екстремни економски перформанси .
Но што е тоа што сеуште силно не не загрижува ?Централните контрасти меѓу Јапонија и Азискиот продор не се толку големи. Во минатото Кина можеше да се пофали со неколку облакодери и никакви спектакуларни економски гиганти, а Индија ја паметиме со неразвиена инфраструктура без модерни патишта и транспортни средства. Советскиот Сојуз под налетот на трансформацијата на внатрешните транзициски состојби се беше поделил. Претходниците на Талибанците тогаш беа проамерички настроени, а Иран и Ирак поминаа осум години во меѓусебна војна со огромни материјални и финансиски штети. Економиите на југоисточна Азија иако се развивале сепак останале нетестирани адолесценти. Приликите во останатиот дел на Азија не ја подржувале Јапонија како водечка економска велесила.
Што е тоа денес што ни се случува, а не сме го предвидувале и со сомнеж го гледаме?
За денешната ситуација поточно трансформација постојат следниве предвидувања :
Прво Азиската економија во наредните дваесет години треба да биде меѓу водечките во светската економија.
Второ Кина како комерцијално светско чудо го има вклучено алармот на југоисточните Aзиски нации праќајќи порака дека најдобриот облог е да се биде доминантна економска сила во Азија.
Трето во сегашната економска експанзија голема е веројатноста поголем Кинески град со нему својствена голема популација да се појави во светлото на водечки финансиски центар кој би му конкурирал на моќните финансиски центри Њујорк или Лондон.
Четврто, Азиската валута дали ке има водечка глобална резервна функција до 2030 година ?
Или е само промотивен исчекор .

Мора да си направат свои, сеопфатни и мошне сериозни анализи на економиите земјите од англискиот говорен свет за сопствената ранливост поточно нивниот пристап кон потенцијалите во енергетикатата и ривалството во економска смисла, не занемарувајки ги сопствените валути и богатството а најверојатно и нивното влијание во геостратешка и геополитичка смисла.

Да ја дефинираме Азија. Западната граница на континентот со Европа е се полабава а помалку прецизна и рестриктивна. Заради оваа причина ке ја вклучиме Русија поради трите четвртини азиска земја наспроти западниот поглед кон Балтикот што засега Русија во тој поглед најмалку изгледа дека е во некојси источен модел заедно со нејзиниот авторитетен стил на владеење и функционирање без да се каже збор повеке за нејзиниот груб но утешен КГБ или Капитализам кој се вклопува мошне добро во делумната азиска рамка.

Азија ја среќаваме и чуствуваме се повеке како вид на шесто пакување –половина дузина на клучни економски транспортери сместени помеѓу големиот Персиски Залив, Поранешниот Советски Сојуз, [минус шесте поранешни западни републики сега благонаклонети кон Европа] но вклучувајки ги и Кавкаските републики заедно со централно Азиските ,Индискиот потконтинент, се подразбира Кина, Јапонија и Кореја.
Шестото Пакување е засега само добро промовирана анализа до 2030 год.

Д р Љупчо Бошевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *