Во Македонија најмладиот заболен е на 2 годинишна возраст информираат од Институтот за јавно здравје

Институтот за јавно здравје извести дека возраста на заболените се движи од 2 до 91 година .

Од вкупниот број заболени од коронавирус во државата, 136 лица, повисок е бројот на женските лица, односно 66 се мажи, а 70 се жени.

Кашлицата е најчестиот симптом кај заболените, речиси 70 отсто од пациентите го имаат овој симптом. Потоа следуваат покачена температура (65,3%), слабост (31,6%), болка во грло (25,3%), треска (24,2%) и главоболка (24,2%), а 41 лица се без симптоми.

27 лица од 136-те заболени, според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, претходно имале хронична болест, од кои 17 имаат кардиоваскуларна болест, 5 лица се со хронична белодробна болест, а по тројца се со дијабет, хронична бубрежна болест и со хипотироидизам и еден со невромускулна болест.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 .
  • Скопје е во фаза 4 .
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *