Хлеб ги кани Меси и Роналдо во Белорусија !?

Поранешниот белоруски репрезенативец и ас , Александар Хлеб кој играше за големите фудбалски клубови во Европа како шпанската , Барселона и англиски Арсенал излезе со интересна изјава . – Според мене Белорусија во моментов е најсигурното место на светот и сеуште се игра фудбал секој викенд. Затоа ги поканувам Меси и Роналдо да дојдат во мојот или во друг клуб да се запамети фудбалот во Белорусија по тоа дека двата великани играа тука и ја одржуваа нивната форма притоа кога во Шпанија и Италија одамна не се игра фудбал – изјави Хлеб.

38-годишниот Хлеб во кариерата има над 20 клубови сменато а од оваа сезона e во Минск Ислоч Регион на кој со своето искуство ќе проба да му помогне да се пласираат во европските купови или станат шампиони ако се одлучат на радикален потег на мега-звездите од типот на Меси и Роналдо допатуваат во последнатса земја во Европа каде сеуште се игра фудбал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *